ГБАМ/Започнете

From Outreach Wiki
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page GLAM/Get started and the translation is 89% complete.

Outdated translations are marked like this.
Other languages:
Bahasa Indonesia • ‎Bahasa Melayu • ‎English • ‎Esperanto • ‎Frysk • ‎Tiếng Việt • ‎dansk • ‎español • ‎euskara • ‎français • ‎polski • ‎Ελληνικά • ‎български • ‎македонски • ‎русский • ‎українська • ‎հայերեն • ‎العربية • ‎سنڌي • ‎فارسی • ‎हिन्दी • ‎বাংলা • ‎ไทย • ‎ဖၠုံလိက် • ‎中文 • ‎日本語
GLAM

Galleries • Libraries • Archives • Museums
Пишете ѝ на екипата: glam﹫wikimedia.org

Почнете Примерни проекти и иследување на случаи Оценување на проекти Контактирајте нè
За GLAM-Wiki-заедницата: Поврзете сеРазговорКалендарБилтенРесурсиДоброволциДруги страници


Службен пристап во Британскиот музеј

На стручните работници од ГБАМ (GLAM) и нивните установи им препорачуваме да учествуваат на Викимедиините проекти, вклучувајќи ја познатата Википедија. На оваа страница е објаснето како Википедија може да биде поволна за вашата установа.

Зошто треба да придонесувам во Викимедија?

  • Како и во вашата установа, нашата цел е запазување на наследството и историјата.
  • Викимедија е добро испробана платформа за дигитализација, со воспоставени најдобри практики и огромна семрежна публика.
  • Иновативните партнерства со Викимедија можат да доведат до публицитет за вашата установа.
  • И ние сме непрофитни.

Како можам да помогнам?

Потфат „Википедија ги сака библиотеките“ во Окружната библиотека на Малтнома во Орегон, САД

Википедија

Википедија е најпопуларно непрофитно мрежно место во светот и најголемата енциклопедија на сите времиња. Вашата установа може да создаде нови статии на Википедија или да ги подобри постоечките, да им понуди ресурси на оние што ги пишуваат статиите и да помогне во истражувачките активности.

Ризница

Ризницата (Wikimedia Commons) е слободно медиумско складиште во служба на Википедија и другите Викимедиини проекти. Вашата установа може да учествува со слики, видеоснимки и други медиумски содржини, како и со метаподатоци и описи на податотеките.

Викиизвор

Викиизвор е слободна библиотека на првоизворни дела, меѓу кои и дигитално препишани старо ракописи. Вашата установа може да понуди ракописи за отсликување (скенирање) и подигање, како и да ни укаже помош со нивното дигитално препишување (транскрипција).

Википодатоци

Wikidata is the multilingual, linked, structured open data project in the Wikimedia Community. Wikidata helps share key structured information and data between Wikimedia projects, and associates these data items with identifier and records throughout the Open Data ecosystem. Institutions can integrate Wikidata into existing metadata projects and donating openly licensed data to Wikidata strengthens the collective record.